Ламбе Шатровски генерален координатор на Македонското друштво „Илинден“-Тирана за Македонија

Македонското друштво „Илинден“-Тирана информираше дека за генерален координатор на друштвото за Македонија е назначен Ламбе Шатровски. Шатровски е роден во селото Пасинки, област Голо Брдо, основно образование завршил во родното место, додека средно во Скопје, каде што живее и работи.

Претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, врз основа на статутот и согласно своите надлежности донесе одлука за генерален координатор на друштвото за татковината Македонија да го назначи Ламбе Шатровски. Од 2010 година Шатровски е член на друштвото а од 2015 година дописник на македонски весник „Илинден”, стои во соопштението на друштвото.

Се додава дека тој е еден од најголемите активисти на македонско национално малциство во Албанија. За неговата ангажираност годинава е добитник на благодарницата „Илинден” по повод 10 – годишнината од формирањето на друштвото. Од име на членовите на македонското друштво „Илинден“- Тирана и од сите Македонци од Албанија, каде и да се, претседателот Ѓурѓај му посакува успех, во што верува поаѓајќи од неговата досегашна ангажираност.

Advertisement