Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права Николов до тие што користат “Северна”: Вие сте нашите непријатели

Активистот за правата на Македонците Бил Николов им порачува на сите што го подржуваат Преспанскиот договор и на тие што им е драго што ги нарекуваат Северномакедонци. “До предавниците кои го поддржуваат Преспанскиот Договор: Драго ли ви е кога ве викаат “Северномакедонци”? На вестите, порталите, насекаде се користи тој израз. Какво е да ги предадеш своите предци кои се бореле за #МАКЕДОНИЈА? Вие сте нашиот непријател”, пишува Николов кој е прв човек на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада традиционално користејќи го хаштагот #НашетоИмеЕМакедонија. Десетина јавни личности, политичари, новинари и артисти иако немаат обврска приватно да го користат новото име упорно провоцираат дел од јавноста и го употребуваат зборот на С.