Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Николов: Не прифаќаме изговори за името – Моќта е во наши раце

Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада (ММДЧП) Бил Николов бара поддршка за враќање на името, процес за кој тој не прифаќа никакви изговори.

“Македонија некогаш имаше водачи – херои. Сега имаме предавници и неспособни политичари. Денес на Илинден заедно ги славиме нашите херои и нашите корени. Придружете ми се во БАРАЊЕТО да си го вратиме името. Не прифаќаме изговори. Моќта е во наше раце”, пишува Николов користејќи го вообичаениот хаштаг #НашетоИмеЕМакедонија.

Advertisement