Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски освари средба со лидер на Демократската партија на Албанија, Баша 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски освари средба со Љуљзим Баша лидер на Демократската партија на Албанија во рамки на самитот на Европската народна партија во Загреб. Разменивме искуства, размислувања и погледи за иднината на нашите земји и регионот. Пред нас имаме тешка задача за надминување на предизвиците и обнова која треба да донесе поубав живот на сите граѓани. – напиша на својот Фејсбук Христијан Мицкоски Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.