Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски се сретна со премиерот на Унгарија Орбан

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан се сретна со лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој е во посета на Австрија и на Унгарија.

Според агендата, Мицкоски денеска и утре ќе престојува во Виена, Австрија и во Будимпешта, Унгарија.

Мицкоски на средбата со Орбан е во придружба на Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, а за средбата јавува и весникот „Hungary journal“.

На средбата се разговварало за прашања поврзани со актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и размена на информации на ниво на сестринските партии за правците на понатамошно дејствување во пресрет на претстојниот конгрес на Европската народна партија и изборот на новото раководство.