Лондон се одржа основачко собрание на Светскиот Македонски Конгрес за Обединетото Кралство Велика Британија

 

На 2 јуни 2018 година во просториите на Македонскиот Културен Центар “Методија Андонов Ченто“ во Лондон се одржа основачко собрание на Светскиот Македонски Конгрес за Обединетото Кралство Велика Британија и Ирска. Присутните извршија избор на претседателство и се договорија за наредни активности во интерес на Македонците во Обединетото Кралство Велика Британија и Ирска и македонските работи воопшто.

За претседател на СМК – Обединето Кралство Велика Британија и Ирска е избран Симо Поповски, за потпретседател Војдан Бабушковски, за секретар Александар Ставревски, за извршен директор за образование и вера Душан Брајановски, за извршен директор за култура и образование Александар Ставревски, за извршен директор за млади и спорт Илија Наков, за извршен директор за државни работи Жарко Столески, за извршен директор за социјално и пензиско осигурување и хуманитарна дејност Билјана Фиданоска, за извршен директор за организација и собири Ненад Лазаревски, и за извршен директор за интернет и комуникации Игор Лозаноски.

За координатори на СМК – Обединето Кралство Велика Британија и Ирска избрани се Илија Васев, Тони Симоновски, Пецо Петроски и Оливер Сам. За почесни членови на СМК – Обединето Кралство Велика Британија и Ирска избрани се Толе Ѓорѓиоски, Благородна Економидес, Роза Хурст, Наташа Дурловска, Горан Русински, Кирил Илиев, Климент Бабушковски, Мите Ангелов, Спасен Анастасиески и Дејан Чучуљ.

СМК – Обединето Кралство Велика Британија и Ирска е отворено за соработка со Црковната општина во лондон и Асоцијацијата на Македонците во Обединетото Кралство. Во СМК – Обединето Кралство Велика Британија и Ирска може да се зачленат сите Македонци по род и државјанство кои живеат и престојуваат во Обединетото Кралство Велика Британија и Ирска. Во СМК – Обединето Кралство Велика Британија и  Ирска може да пристапат сите организации на Македонците по род и државјанство кои живеат и престојуваат во Обединетото Кралство Велика Британија и Ирска.

Светскиот Македонски Конгрес упатува искрени честитки за Основачкото собрание на СМК за Обединетото Кралство Велика Британија и Ирска во Лондон, посакува успешна работа и плодни резултати. Сите Македонци еден за друг, за Македонија од исконот до бескрајот! – се вели во поздрвната телеграма од претседателот на СМК Тодор Петров до претседателот на СМК во Лондон Симо Поповски и до членовите на Претседателството.

Advertisement