МАЕИ: Нека ни е честит и вековит Денот на Свети Климент, македонскиот духовен патрон и заштитник на македонскиот народ

Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, на сите Македонци каде и да се им го честита денешниот празник „Св. Климент Охридски“.

На овој празник го славиме ликот и делото на големиот македонски просветител „Св. Климент Охридски“, кој бил еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј.  Свети Климент бил прв словенски епископ и основоположник на Охридската книжевна школа.

Нека ни е честит и вековит Денот на Свети Климент, македонскиот духовен патрон и заштитник на македонскиот народ.

Advertisement