
Македониците од областа Голо Брдо, се целосно разочарани, па дури и гневни, како што велат, на албанските власти,кои воопшто не инвестирале во областа и тие и во 21 век се соочуваат со недостиг на вода за пиење а одат по макадамски патишта. Пред камерата на Досја.ал велат дека тие се дел од округот Пешкопеја, каде се инвестира, дека за нив не се грижи никој, па еден од нив додава дека „подобро е да се дел од татковината Македонија, каде нема село без водовод и асфалтни патишта“.
Областа Голо Брдо е оставено многу назад. Сите гледаат да ја средат Булќиза, Шупензи, Пешекопеја, а и ние сме под округот Пешкопеја. Или да преминеме во Македцонија. Подобро да преминеме кон Македонија, барем ќе имаме асфалтен пат и вода, како сите села во Македонија. Кој и да дојде премиер се останува по старо и со Еди Рама премиер, и со Сали Бериша, исто. Вода немаме, пат макадам. Под итно ни треба вода и патишпта, вели револтиран жител на селото Радовеш. Друг жител додава дека и во 30 години демократија никој не инвестирал оставајќи ја најнеразвиена оваа област, затоа бараат под итно албанската влада да ги реши нивните проблеми иако до сега тропнале на сите врати и на сите нивоа,но ништо од тоа.
Во областа Голо Брдо не направил никој ништо, триесет години демократија. Од мостот кај Шупензи нагоре областа Голо Брдо е мртво. Ќе дојде некој заради гласови, ќе ветува дека ќе направи ова, ќе направме тоа, и после ништо. Вода за пиење немаме, патишта не, здравствени амбуланти немаме. Некој се збогатува другите нека умираат,изјави разочарано друг жител на областа Голо Брдо. Според него чиста вода за пиење нема ниту во училиштата. Областа Голо Брдо опфаќа 22 села, од кои 18 се целосно населени со Македонци, додека другите четири села, се со мешан етнички состав, Македонци и Албанци. Поради лошите услови за живот и неможноста за вработување расселени се во многу градови во Албанија, најмногу во Тирана и Елбасан, Драч и во татковината Македонија, а голем број живеат и работат, пред се во Грција, Италија, Германија, Велика Британија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden