Македонците во Голо Брдо добија струја, сите патишта проодни

Проблемите присутни изминатите денови, што ги предизвикаа снегот и поларните температури, во областа Голо Брдо, се надминати. Сето тоа, како што велат дел од жителите, со максимална ангажираност на локаланите власти на општините каде припаѓаат, како администраторите на админстративните единици.

Во сите населени места од доцна синоќа нормално е снабдувањето со електрична енергија а сите патни правци се пробиени, но е задолжително користење синџири, поради мразот, кој е на патиштата, по стопениот снег во текот на вчерашниот ден, кога сонце ја огреа областа.

И патниот правец од селото Требиште до граничниот премин Требиште – Џепиште, е исчистен и сообраќајот се одвива без проблеми, но со остатоци од кашест снег и на одделени места голомразица, поради што се препорачува внимателно возење. Преминот, кој е од локален карактер работи од 8 до 18 часот. Денеска претпладне во областа регистрирана е температура од – 12 степени целзиусови а во текот на ноќта таа била и пониска.

Advertisement