Македонците во Голо Брдо за првпат не останаа блокирани по обилните снежни врнежи 

По обилните снежни врнежи и минусните температури, за првпат Македонците во областа Голо Брдо, Албанија, за првпат не останаа целосно блокирани, појава со која во минатите години се соочува со денови. Како што потврдуваат жители од областа тоа благодарение на максималната ангажираност на првиот човек на административната единица Требиште, Едмонд Османи, кој успеал да обезбеди механизација во соработка со општина Булќиза, каде терторијално припаѓа оваа единица. И Османи потврдува дека е состојбата е добра.

Сите национални патишта се исчистени до центарот Требиште, како и патот до граничниот премин Требиште-Џепиште кај Дебар, каде по потреба поради близината, при неповолни временски услови, тешко болни транспортираме во болницата во Дебар. Во тек е пробивање на споредните патишта низ селата, што се надевам до крајот на денов ќе го завршиме целосно, изјави за МИА, Османи. Додава дека овој пат имале разбирање и целосна подршка од локалната власт на Булќиза, посебно на градоначалникот Лефтер Ала.

Да не бидам нескромен но искрено јас и целата администрација сме 24/7 во служба на граѓаните за било каква неопходна потреба, вклучувајќи тука и набавка на лекови, вели Османи. Во оваа област дебелината на снежната покривка достигнува над 50 сантиметри а забележани се температури до минус 15 степени.

Advertisement