Македонците во областа Голо Брдо со нов пат од Радоешта до Острени 

Македонците во областа Голо Брдо со нов пат од Радоешта до Острени се користи од жителите на областа Голо Брдо, финансирањето доаѓа од Општина Булќиза во рамките на рехабилитација на приоритетните патишта во општината, овој пат кој со години е повеќе од амортизиран од утре ќе почне да се асфалтира со што максимално ќе се олесни движењето на жителите и возилата во областа Голо Брдо.

Во таа прилика, градоначалникот Лефтер Ала истакна дека со ова инвестиција ќе се подобри патна инфраструктура за жителите од  во областа Голо Брдо. Ваквата инвестиција е исклучително важно за жителите на голобрдските села бидејќи многу малку има било каква активност во областа Голо Брдо.

Во блиското минато овој дел од областа Голо Брдо беше Општина Острени, но таа беше укината со носењето на последниот Законот за територијална поделба во Република Албанија. Тогаш беа целосно запрени сите вложувања на албанската држава во овој дел, каде живее македонско население. Поради тоа, секоја најава и активност во насока на подобрување на животот на Македонците во во областа Голо Брдо е добредојдена.

Advertisement