Македонците во областа Голо Брдо со нов пат што го поврзува селото Оржаново (ФОТО)

Општина Булќиза започна со работа на патот што го поврзува селото Оржаново, областа Голо Брдо, Административна единица Острен, ќе се изградат, странични канали, подлоги и слоеви со чакал, давајќи решение на овој голем проблем на жителите на селото Оржаново. Ова е прв пат да се инвестира во овој пат од пропаѓањето на тоталитарниот режим.

Инвестирањето во областа Голо Брдо е од витално значење за жителите поради географската положба што ја има областа Голо Брдо. Во областа Голо Брдо, распослани се 22 села, населени со Македонци.

Advertisement