Македонците во областа Голо Брдо завеани и без струја три дена

Македонците во областа Голо Брдо и оваа зима не ги одминаа проблемите со кои се соочуваат по обилни снежни врнежи, по кои е познат овој  планински регион. По последниот снег, чија дебелина надминува 40 сантиметри, а некаде е и повисока и минусните температури, веќе трет ден се отсечени од светот.

Дополнителен проблем е и недостигот на електрична енергија присутен веќе трет дена. Во текот на ноќта и утринските часови живата во термометарот падна на –16 степени целзиусови, а вечерва и утре најава има за повисоки минусни температури, велат жители. Е

дмонд Османи администратор на административната единица Требиште рече дека во соработка со градоначалникот на општина Булќиза се прават максимални напори за надминување на проблемите. Обилните снежни врнежи, поларниот студ и мразот го прават своето.

Вложуваме максимални напори да се пробијат патиштата. Превземени се сите мерки и сме во служба на жителите за било каква потреба, изјави за Османи. Областа опфаќа 22 населени места со над 12 илјади жители.

Advertisement