Градоначалникот на Општина Булќиза, Лефтер Ала придружуван од Едмонд Османи, администратор на админстративната единица Требиште во областа Голо Брдо, присуствуваа на започнувањето со изградба на два моста. Исто така, во нивната агенда беше и систематизацијата на патишта со што треба да се олесни движењето на жителите во село Требиште.
Во таа прилика, градоначалникот Лефтер Ала истакна дека со ова инвестиција ќе се подобри патна инфраструктура за жителите од село Требиште во областа Голо Брдо. Ваквата инвестиција е исклучително важно за жителите на голобрдските села бидејќи многу малку има било каква активност во поранешната административна единица Требиште.

Во блиското минато овој дел од областа Голо Брдо беше Општина Требиште, но таа беше укината со носењето на последниот Законот за територијална поделба во Република Албанија. Тогаш беа целосно запрени сите вложувања на албанската држава во овој дел, каде живее македонско население. Поради тоа, секоја најава и активност во насока на подобрување на животот на Македонците во с. Требиште и во областа Голо Брдо е добредојдена.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
