Македонецот Дејан Георгиевски европски првак во Таеквондо

На Европско првенство во Таеквондо што се одржа во Софија, Бугарија Дејан Георгиевски во категорјата 87 кгр, го освои златниот медал и стана Европски првак во Таеквондо. Дејан Георгиевски во првото коло го совлада италијанецот Матео Милани, во второто коло го совлада турчинот Сердар Јуксел. Во четвртина финалето Дејан Георгиевски го совлада Чем Унлусој, Германија, а во полуфиналето го победи Михајло Шелест Украина. Следеше финале и одлична борба на Дејан против Русинот Јури Кириченко по што Дејан се искачи на врвот на Европското Таеквондо.

Инаку Дејан Георгиевски оваа година го освои Софија Опен 4-5 Март 2017 а на Светското Првенство во Сеул, Јужна Кореа го освои 33-то место. На ранг листата на Светската Таеквондо Федерација тој е на 77-то место, но сигурно после оваа Европска титула, Дејан многу ќе напредува и на оваа листа, со што ќе биде и многу поблиску до неговиот и нашиот сон и учество на Олимписките игри ТОКИО 2020.

Advertisement