Македонецот Еди Шерифовски седми на Светското првенство во џудо

Македонецот Еди Шерифовски (- 73 кг) е седми на Светското џудо првенство за кадети во Сантјаго -Чиле, што е голем успех за македонскиот џудо.

Шерифовски имаше шанса да го оставри најголемиот успех на македонскоото џудо, но во решавачката битка за влез во полуфиналето со Мароканецот Ајман Елхусаини беше поразен со ипон. Во репасажот се сретна со Турчинот Мухамед Коџ од кого исто така загуби со ипон.

Инаку Шерифовски во првите две борби славеше со ипон против Лик Вокер од Тринидад и Тобаго, а потоа и над Абјалај Уетов од Азербејџан. Арбреша Реџепи (-48 кг) беше од фаворитката Аико Ватанабе од Јапонија со 1 ипон и 1 вазари, а Хамза Јашари (-66 кг) загуби со вазари од Молдавецот Петру Пеливан.

 

Advertisement