Македонецот Фатмир Веапи иселеник во Германија донираше парични средства и пакетчиња за штитетниците на Домот „11 Октомври“

Македонецот Фатмир Веапи, од село Жировница, општина Маврово -Ростуше иселеник во Германија, по повод новогодишните празници додели донација во парични средства и пакетчиња за сите штитеници од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“. Како што соопшти Агенцијата за иселеништво, Веапи за празниците ја посети Јавната установа, Домот „11 Октомври“ им ја врачи донацијата. Фатмир Веапи, заедно со директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов се сретнаа и со директорката на Домот „11 Октомври“ Соња Стамева.