Македониците од Мала Преспа го одбележа патронот на манастирот „Света Марена“ во Туминец 

Македонците од општина Пустец, областа Мала Преспа го одбележаа патронот на манастирот „Света Марена“ во селото Туминец. Поради актуелната состојба со пандемијата со Ковид-19 и препораките да се избегнуваат масовни собирања, одблежувањето на празникот посветен на Света великомаченица Марина-Марена-Огнена Марија, присуството на верници беше многу помало, споредено со претходните години,со запазување на мерките за заштита.

Ја продолжуваме вековната традиција на одбележување на овој голем празник. Поради познатата состојба со коронавирусот присуството беше помало а во мал број беа и верниците од другите села на нашата област, Мала Преспа, потоа од подрачјето на Корча, Ресен и Прилеп,кои во голем број доаѓаа за овој празник, велат од локалната власт на општина Пустец. Додаваат дека богослужбата во манастирската црква ја отслужиле свештениците Алексо Темелко и Роти Арѓир, по што верниците кусо останале во дворот на црквата. Годинава изотанало и присуството на музичари, кои во измнатите години ги веселеа Македонците а орото се виеше до доцна попладне. На ланското одбележување заедно со Македонците беше и претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој го честиташе, како што рече овој свет ден и запали свеќа за здравје.

Вие сте прекрасна заедница, мирољубива и трудољубива, која заслужува една подобра иднина. Да ни е напомош на сите нам за подобра иднина Светата великомаченица Марена.За Пустец, за Албанија за Македонија и за нашиот прекрасен соживот. Убавини и добрини секогаш,- порача тогаш Мета. Манастирот датира од 18 век а обновен е 1926 година. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро, локација која самата по себе дава дополнителна убавина и првлечност.

Advertisement