Македонија: ДИК нема да има избори во дијаспората ако не се пријават над 6.540 граѓани

Пријавувањето на гласачите од дијаспората трае до 11 март, а досега се пријавени 3377 гласачи.
„Доколку нашите сограѓани од дијаспората сакаат да учестуваат во политичкиот живот на државата, мора да го направат тоа преку активно учество врз изборите, односно треба да се пријават и треба да гласаат, во спротивно нема да можат да се побунат или за некоја ситуација, затоа што не придонесоа со својот глас на овие избори. Се надевам дека ќе се исполни бројката која е законски цензус, односно бројот треба да биде колку пратеникот со најмал број на гласови од минатите избори, а тоа е 6.540 гласови кој ги добил пратеникот во Изборната единица 6. Треба повеќе од оваа бројка да се пријават за да може ДИК да спроведе избори, во спротивно нема да спроведе избори во дијаспората“, рече Дерковски.
Advertisement