Македонија: Дводневен состанок на мрежата на Националните превентивни механизми на ЈИЕ

Мрежата на Националните превентивни механизми на Југоисточна Европа, чиј претседавач годинава е Народниот правобранител на Република Македонија, денеска и утре во Скопје ќе го одржи вториот состанок.

На состанокот учесниците ќе ги споделат искуствата на тема „Специфични потреби на децата во местата за задржување: состојби и предизвици“. Настанот финансиски е поддржан од канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Состанокот ќе го отворат народниот правобранител Иџет Мемети и претставникот на УНХЦР во Скопје Дејан Кладaрин, а учесници ќе бидат претставници на националните превентивни механизми од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Романија, Грција, Косово, Србија, Словенија, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.

Advertisement