Македонија е втора најрелигиозна држава во Европа

Според ова истражување, што за Македонија го спровела Брима Галуп, високи 84 проценти од населението во Македонија е религиозно. 10 проценти се декларираат како нерелигиозни, а 1 процент атеисти. Македонците во 88 % се изјасниле дека веруваат во Бог, 6 % дека неверуваат и ист процент не знаат дали веруваат.

Во Европа, единствена порелигиозна држава од Македонија е само Косово, каде дури 94 % од испитаниците за себе рекле дека се верски определени. Меѓу порелигиозните се државите од регионот. Србија (75%) Грција (73%), Албанија (56%).

Истражувањето покажува дека најрелигиозни земји во светот се Тајланд  со 98% и
Нигерија со 97%. Потоа се Индија, Гана, Папуа Нова Гвинеа и Брегот на Слоновата Коска со процент од  94% религиозни граѓани

Од друга страна, Кина е најмалку религиозна земја каде секој седми од десетмина испитаници се изјаснил како атеист,  а 23% себе си се сметаат за нерелигиозни.

Анкетата на ВинГалуп Интрнешанел е спроведена во 68 држави во Светот, а на глобално ниво биле интервјуирани вкупно 66.541 лице. Од нив 62% се изјасниле како верници, 74% веруваат дека човекот има душа и 71% веруваат во Господ, 56% во Рај, 54% во Живот после смртта, а 49% веруваат дека постои Пекол.

 

Advertisement