Македонија: Егејска семакедонска вечер во Штип

Во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија “Мирка Гинова” од Штип, а по повод денот на ослободувањето на градот Штип, на 9 ноември годинава, сабота, во Штип ќе се одржи Егејска семакедонска вечер.

Егејската семакедонска вечер ќе се одржи во ресторан “Астибо Плаза” со почеток во 19 часот.

Егејската семакедонска вечер нуди богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат врвни уметници: Илчо Јованов, Зоран Џорлев, Горанчо Ангелов-Гајда, Љупчо Стефанов-Цоцо, Иван Димков, КУД “Крушаре-Пазар“ од Егејска Македонија, Трајко Димков, Марија Димкова, Васил Чамов, Панче Мусев и Академија Еуроарт.

Добредојдени се сите заинтересирани. Резервација се врши кај претседателот на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија “Мирка Гинова” од Штип, Стојан Димков.

Advertisement