Македонија го активираше системот за цивилнта заштита на ЕУ

Европската комисија соопшти дека Македонија го активирала системот за цивилна заштита на ЕУ, и побара помош за пренесување на 15 пациенти со тешки изгореници.

Во брза реакција, 9 европски земји Хрватска, Грција, Романија, Словенија, Шведска, Литванија, Унгарија, Луксембург и Норвешка – дадоа непосредни понуди за помош преку механизмот.

Веќе неколку пациенти се евакуирани во Унгарија од Луксембург, а Романија ги транспортира пациентите во Литванија. ЕУ сега го координира транспортот на дополнителни пациенти во земјите кои понудиле третман. ЕУ останува во близок контакт со националните власти во Македонија и е подготвена да мобилизира поголема помош доколку е потребно, велат од Европската комисија.

Комесарот за управување со кризи, Хаџа Лахбиб, рече:

„Го изразуваме нашето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и сите засегнати. ЕУ стои во солидарност со народот на Македонија во ова тешко време. Им благодарам на европските земји што брзо им понудија третман и помош на жртвите преку нашиот механизам за цивилна заштита“, рече Лахбиб.