Македонија: Гостилница „Стара градска куќа“ – 190 години традиција и македонски дух (ФОТО)

Фото: Stara Kuka / Стара Куќа

Гостилница „Стара градска куќа“ е еден од најпрепознатливите симболи на старо Скопје ресторан сместен во автентична градска куќа изградена во 1836 година, која денес претставува значајно културно наследство и редок пример на македонска урбана архитектура од 19 век.

По повод 190 години постоење, ресторанот одбележа голем јубилеј со повеќе од 300 гости, документарен спот и специјална поштенска марка издадена од АД „Пошта“.

Семејството Јовановиќ, кое ја поседува куќата со генерации, веќе околу 20 години ја развива како семеен ресторан што ја негува традиционалната македонска кујна и староградскиот дух.

Ентериерот и денес ги зачувува оригиналните дрвени тавани, камените ѕидови и етно-деталите, а атмосферата често е збогатена со жива традиционална музика. Ресторанот е познат по автентичните македонски специјалитети и староградски амбиент, што го прави омилено место и за локалци и за странски гости.

На македонските  дискусии, многумина ја издвојуваат Стара градска куќа како место со „староградски амбиент“, културна атмосфера и квалитетна традиционална храна.