Македонија: Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов оствари билатерална средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај

 

Во рамките на вториот ден од генералното собрание на Мрежата на здруженија на локалните власти од Југоисточна Европа (НАЛАС) што се одржа во Скопје, Република Македонија градоначалникот Петре Шилегов оствари билатерална средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.

Двајцата градоначалници разговараа на повеќе теми од областа на локалната самоуправа, со акцент на можностите за забрзан економски развој на Скопје и на Тирана и за концептот на паметни градови. Тие разменија позитивни искуства за одржливиот урбан транспорт, инфраструктурните решенија и подигнувањето на комуналната хигиена.

Шилегов и Велиај се осврнаа и на добрата соработка што ја негуваат двата града и нагласија дека во наредниот период ќе работат таа соработка да се продлабочи.