Македонија ја победи Малта со 2-0

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на гостински терен ја совлада репрезентацијата на Малта со резултат 2-0 во натпревар од квалификациите за Европското првенство (ЕП) и ги задржа шансите за пласман на ЕП што ќе се одржи следната година во Германија.

Водство на македонската репрезентација во петтата минута од мечот ѝ донесе Елиф Елмас, а во финишот на првото полувреме Јован Манев го удвои водството. Двоен асистент беше капитенот Енис Барди.

Во октомврискиот циклус од квалификациите, македонските фудбалери ги очекува натпревар против селекцијата на Украина пред завршните два дуели во ноември против Италија и Англија.

По пет одиграни натпревари во квалификациите за Европското првенство, македонската репрезентација е на четвртото место во групата Ц со седум бода, исто колку што имаат и второпласираната Италија и Украина на третото место. Англија е лидер со 13 бода, а Малта е на последното место без освоен бод.

Advertisement