Македонија: Мајден и Маркова Нога ќе бидат двата нови гранични премина кон Грција

Владата на денешната седница го разгледа предлог-законот за ратификација на Спогодбата со Грција за отворање нов граничен премин меѓу двете земји кој ќе ги поврзува Мајден во нашата земја, со Промахoи во Грција. Во спогодбата се предвидува двете држави, на сопствената територија да ја изградат, реконструираат и надградат соодветната патна мрежа, како и сета останата инфраструктура потребна за функционирањето на граничниот премин, стои во владиното соопштение.

Во иста насока е и усвоениот предлог-закон за ратификација на Спогодбата за отворање на еден граничен премин во регионот на Преспанското Езеро и патиштата коишто ги поврзуваат Маркова Нога и Лемос. Како што велат од Владата, овој граничен премин ќе овозможи поголемо поврзување и полесна комуникација на населението од пограничниот регион.