Македонија може многу брзо да стане членка на НАТО

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев во интервју за МТВ изрази надеж дека Македонија може многу брзо да стане членка на НАТО под привремената референца  на која инсистира соседот Грција.

Премиерот Заев рече: „Има два начина: решение на проблемот или под привремена референца да влеземе во НАТО, а паралелно со тоа да ги продолжиме преговорите со Грција за проблемот што го има со нашето уставно име заради наше интегрирање во Евроската унија. “

Заев најави дека очекува во следните месеци генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг да оствари посета на Македонија. Очекувам, рече Заев, оваа посета да ги отвори вратите за Македонија за влез во НАТО. Официјална Атина инсистира на барањето Македонија да го примени името и заради тоа го блокира нејзиниот пат за влез во НАТО и во ЕУ.

Advertisement