Македонија: Потпишан кодекс за фер и демократски избори (ВИДЕО)

Со апели за безбедна кампања и гласање, партиите во Државната изборна комисија (ДИК) потпишаа Кодекс за фер и демократски избори на 15 јули.Велат големи митинзи и собирања нема да организираат заради заштита од Ковид-19, ќе ги намалат теренските активности, а гласовите од граѓаните ќе ги бараат на поинаков начин, со кампања преку медиумите. И додека поголемите партии се убедени во победа, дел од помалите партии се пожалија дека нив никој не ги прашал за изборниот датум, а ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ неодговорно сами се договориле за изборите.

Претставниците на помалите партии побараа да им се дозволи зголемување на минутажата за нивно претставување во медиумите, вели Солза Грчева. Во ДИК, наредните денови ќе чекаат здравствените протоколи, врз основа на кои ќе направат упатства за гласање. МВР денеска го доставила Избирачкиот список до ДИК, па тој сега поминува во втора фаза на обработка. Пред прекинот на изборните дејствија во март, ДИК ги потврди листите на 15 коалиции и партии со 1.598 кандидати, а го утврди и изгледот на гласачкото./www.kanal5.com.mk