Македонија: Пуштен во употреба Центарот за спасување на планина во Охрид

Само неколку дена откако албанскиот дел од Охридското Езеро стана дел од листата на светско наследство на УНЕСКО, делегациите на ЕУ во Албанија и  Македонија, заедно со претставници од 30 граѓански организации, се собраа во Охрид, за да разговараат за придобивките од прекуграничната соработка за зголемување на туристичкиот потенцијал на Охридско Езеро. Амбасадорите Луиџи Сореца и Самуел Збогар, шефовите на делегациите на ЕУ во Албанија и Македонија, го отворија Центарот за спасување на Црвениот крст на Македонија, финансиран од Програмата за прекугранична соработка на Европската унија, прв од ваков вид во регионот. Центарот ќе обезбеди спасувачки услуги во Охрид, Поградец и во поширокиот регион во вода и во планините.

“Благодарение на фондовите на ЕУ, поврзувањето и соработката меѓу Албанија и  Македонија се подобрува, исто како и туристичкиот потенцијал на оваа област. Територијалната соработка преку границите е еднакво важна за нашата политика за проширување денес. “е за градење на самата Европска Унија”, рече Луиџи Сореца во својот говор амбасадорот на ЕУ во Албанија.