Македонија: Регистрирани 24 нови случаи на коронавирус вкупната бројка достигна 201 лице

Во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. Нови случаи на заразени има во Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1) и Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус, денеска до 12.00 часот, изнесува 201 лица, објави Министерството за здравство на својата официјална Фејсбук страница. Според местото на живеење, вкупно до сега, сметајќи ги и регистрираните во последните 24 часа, денеска до пладне, пациенти со корона вирус има во:
– Скопје (123)
– Дебар (43) од кои 2 починати
– Куманово (15) од кои 1 починат
– Штип (8)
– Велес (3)
– Охрид (3)
– Кавадарци (2)
– Прилеп (2)
– Гостивар (1)
– Тетово (1)

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на коронавирус имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати, соопшти МЗ.

Advertisement