Македонија и се заблагодари на Турција за помошта во гаснењето на шумските пожари

 

Македонија и се заблагодари на Турција за помошта во гаснењето на шумските пожари. Во соопштението  кое беше издадено вчера по седницата на владата на Република Македонија се истакнува следното:

„Владата на Република Македонија им се заблагодарува на Република Турција за помошта во справувањето со шумските пожари. Во исто време сите вработени во институциите кои се ангажирани во гаснењето и земањето под контрола на пожарите ќе бидат на терен.“

Центарот за управување со кризи поднесе извештај до владата за активностите на агенцијата во гаснењето на шумските пожари.

Advertisement