Македонија: Собранието ќе се распушти на 11 февруари

Собранието ќе биде распуштено на 11 февруари по што ќе бидат распишани предвремените парламентарни избори, кои треба да се одржат на 12 април. На средбата со новинарите, претседателот на Собранието, изјави дека изборите треба да се одржат во рок од 60 дена од распуштањето на законодавниот дом. Потоа, како што посочи Џафери, нема да има можност за ратификација на протоколот за НАТО и за тоа ќе треба да се чека новниот парламентарен состав.