Македонија: Спортски камп во Струга за децата од дијаспората од 5 до 10 август

Агенцијата за иселеништво, на Македонија првпат од своето постоење, од 5 до 10 август организира Спортски камп во Струга, наменет за децата од дијаспората. Основната цел за реализација на овој Спортски камп е пред се промоција на земјата пред децата на иселениците и запознавање со нивната татковина и мајчиниот јазик, како и поттикнување на истите за здрав живот и спортска активност уште од најраната возраст.

Децата ќе имаат можност да се стекнат со теоретски и практични искуства и знаења, поврзани со кошарката, ракометот и фудбалот, да другаруваат со професионалните спортисти од женскиот кошаркарски клуб „Струга“, женскиот ракометен клуб „Стружанка“ и фудбалскиот клуб „Караорман“ и да се стекнат со знаења за здрава исхрана, пренесена од страна на професионални нутриционисти, велат од Агенцијата. Оттаму соопштуваат дека и во иднина ќе продолжат со реализацијата на проекти кои се во интерес на иселениците.

Advertisement