Македонија – Турција без голови

После 90 минути тактичко надмудрување меѓу Игор Ангеловски и Фатих Терим репрезентациите на Македонија и Турција ремизираа во пријателскиот натпревар на Националната арена „Филип Втори“ со 0:0. Во меч во кој Македонија покажа повеќе од играта, имаше два гола кои и беа поништени поради офсајд и една зицер ситуација во финишот дефинитивно заслужи да победи.

Сепак, против селекција каква што е Турција против која Македонија имаше само една победа и едно реми ова е добар резултат. Ангеловски успеа да провери поголем дел од оние момци што би требало да играат против Шпанија во недела.

Во поголемиот дел од средбата се играше на средината од теренот, а одбраната му овозможи на Димитриевски во најголемиот дел од мечот да биде гледач и да нема премногу работа. Тоа овозможи на овој меч да се одигра мирно и да се дочека крајот со резултатот со кој и почна средбата.

Шанса на оваа средба за гол прво имаше Пандев, но одбраната на Турција успеа да го спречи во последен момент да дојде до топката и да упати удар. Потоа во финишот и Тричковски се најде во позиција, но неговиот удар беше одбранет од голманот на Турција Волкан Бабакан.

Претходно уште во првото полувреме голот на Мојсов беше поништен бидејќи беше еден чекор во офсајд, додека во второто полувреме и Алиовски погоди, но имаше играч кој го попречуваше Бабакан и беше во офсајд, па поради тоа остана 0:0, резултат кој остана до крајот.