Македонска академија на науките и уметностите одбележува 50 години од формирањето

 

Со свечена академија и доделување на признанија, Македонската академија на науките и уметностите одбележува 50 години од формирањето. Досега издадени голем број трудови…

За 50 години од основањето до денес, постигнавме респектабилни резултати. Само во научно истражувачката работа и уметноста, досега се организирани близу 500 научни собири, а реализирани 800 научно истражувачки и уметнички проекти, рече на свечената седница претседателот на МАНУ, Таки Фити. Минавме бројни проблеми и премрежиња кои коинцидираат и со кризните ситуации со кој се соочуваше државата, посочи Фити.

На свечениот собир пред присутните се обратија 18 претседатели или членови на акедемии со кои МАНУ соработува. Дијалогот е основа за надминување на проблемите- истакнаа тие.

„Соработката е важен пример за можностите на науката да допринесува во градењето развој на добрососедските односи меѓу нашите две земји. Ова ја поткрепува тезата дека научниците се способни да решат низа проблеми“- рече Јулијан Ревалски од БАН.

„Не е зачудувачки колку сме различни меѓу себе, туку шокантно е колку сме слични и тоа е позиција од која треба да ја градиме иднината“, смета Владимир Костиќ, САНУ. На развојот на мултикултурализмот МАНУ обрнува големо внимание. Оваа научна институција ја отсликува мултикултурната реалност во земјата- беше кажано на свечениот собир.

Advertisement