Честитка по повод големиот исламски празник Курбан бајрам упати Васил Стерјовски, лидер на единствената македонска партија во Албанија. Драги верници од исламска вероисповед, од мое лично име и од име на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Ви го честитам големиот празник Курбан бајрам, кој претставува симбол на солидарноста, и Ви посакувам здравје, љубов, среќа и хармонија во вашите семејства, стои меѓу другото во честитката. Од се срце ви посакувам, се наведува понатаму, празничките денови, да ги поминете во добро расположение, покажувајќи ја солидарноста, меѓусебното помаѓање и почитување што се вредности на овој празник.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
