Министерот Едмонд Панарити во Пустец: Ви гарантирам дека македонската заедници ќе биде застапена во целата пирамида на албанската држава (ВИДЕО)

Кандидатот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Васил Стерјовски и Кандидатот на Социјалистичкото движење за интеграција (LSI) во областа на Корча, Едмонд Панарити министер за земјоделство на Албанија, заедно со претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко има митинг во Пустец.

“Социјалистичкото движење за интеграција и нејзиниот досегашен лидер и сегашен претседател на Албанија Илир Мета, се еден гарант дека утре ние Македонците во Албанија ќе бидеме застапени во сите албански институции. Ние како Македонска Алијанса едногласно одлучивме да настапиме на овие избори со Социјалистичкото движење за интеграција. Ние како Македонци во Албанија сме лојални граѓани на Албанија и секогаш како Македонска алијанса, ние секогаш сме биле лојални, сме се застапувале за европска интеграција на Албанија и заедно со албанските политичари демократи како што се Илир Мета, како што е министерот Едмонд Панаити ние сакаме да ја интегрираме Албанија во ЕУ, и да бидеме рамноправни, не како граѓани од втор ред и затоа е ова коалиција меѓу Македонска Алијанса и Социјалистичкото движење за интеграција”–изјави Васил Стерјовски

“Вие сте лојални граѓани на ова држава, вие тука ја наоѓате својата егзистенција, тука се борите за својот живот, меѓутоа не заборавајте никогаш дека сте Mакедонци и овој пат мислам дека сте прв пат во сите досегашни изборни циклуси на правата страна. Јас ги познавам сите албански лидери на времето, сега има доста млади не ги знам, меѓутоа Илир Мета е еден од повозрасните и можам да ви кажам дека ако некој од албанските лидери беше човек од збор на кој можеше да му се верува беше Илир Мета. Уверен сум дека вашите гласови дадени за вашата коалиција сегашна со Илир Мета ќе ви ги решат проблемите. Илир Мета е човек ако ви вети тој ќе го направи тоа.” –изјави Никовски.

“За мене е посебна чест, една привилегија што сум тука кај ова фантастича заедницата, во ова прекрасна благословена земја од Бога и јас сум многу среќен, бидејќи ние сме како да се каже ковачи на историски договор, навистина е еден историски чекор, што една албанска партија и една македонска партија создаваат една цврста алијанса во целосна хармонија, визија и програмски цели. Ова е извонреден чекор што им служи на целиот регион, со извонредна вредност и ќе се спомнува, ќе се спомнува уште долго време. Затоа сум многу горд што сме тука во овој сојуз со заеднички цели за да создадеме хармонија полна со акција и мисла за најдоброто за ова извонрендна заедница и за целата македонска заедница во Албанија и толку повеќе да служи како вектор за успешна и плодна соработка меѓу двете земји, македонската држава и на албанската држава.

Каде постои подобар пример од овој сојуз? Затоа, јас сум многу среќен што ние сме тука да им дадеме пат на една соработка која ќе биде долгорочна, одржлива и ќе обезбеди повеќе резултати. Јас ви гарантирам дека македонската заедници ќе има застапување во целата пирамида на албанската држава. Почнувајќи од кабинетот на претседателот на Републиката. Г-дин Илир Мета го прогласи тоа, дека дел во кабинетот на претседателот, ќе има претставници од вашата заедница, од претседателот, а тоа ќе слезе долу кај премиерот, министертсвата, централната власт, локалната власт. И ние ја гледаме ова како инвестиција во интерес на албанскиот народ не само на македонскиот народ. Затоа што ова му служи на духот на соработката и развојот, да гледаме напред.”- изјави Панарити.