Tag Archives: маеи

Македонска алијанса за европска интеграција бара отштета за изгорени електрични апарати во село Горна Горица, општина Пустец

Единствената македонска партија, во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), ја поддржува рекацијата на граѓаните од село Горна Горица, општина Пустец и бара од Електродистрбуција да ги исплати штетите предизвикани од честите прекини во елекромрежата. -Никако да завршат проблемите со струјата во општина Пустец. Откако жителите на македонската заедница во општина Пустец поминаа една недела без струја, вчера во ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција упати честитка по повод новогодишните празници

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ) Ви ја честита Новата 2022 година, со желби за добро здравје, среќа и благосостојба! И во 2022 година, Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ) ќе биде гласот на Македонците во Албанија, ќе продолжи со својата мисија за заштита на правата на Македонците, за подобрување на условите за живот и работа на оваа заедница ...

Read More »

Пратениците Стерјовски и Стака на средба со Амбасадорот на Македонија во Тирана Марковски

  Васил Стерјовски, пратеник во Собранието на Албанија и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и Николин Стака, пратеник во Собранието на Албанија и претседател на Партија за демократско движење за промена денеска беа на работна средба во Амбасадата на Република Македони со Амбасадорот на Данчо Марковски.

Read More »

Заврши броењето во избирачките места во Општина Пустец, СП 868, ДП 473 и ЛСИ 168 гласови

Броењето на гласовите започна во Општина Пустец, откако пристигнаа сите гласачки кутии од цела Општина Пустец, комесарите започнаа со постапката за пребројување, заврши броењето на првото избирачко место, во село Шулин, СП со 118 гласа, ДП со 114 гласа, ЛСИ со 17 гласа, второто избирачко место во село Горна Горица, СП со 159 гласа, ДП со 68 гласа, ЛСИ со 9 ...

Read More »

Албанија бира ново Собрание, Стерјовски кандидиран од македонскoто малциство 

Република Албанија денеска бира нов состав на Собранието од кое треба да произлезе и новата Влада. Овие избори се важни за земјата и веќе се чуствува напнатoста. Премиерот Еди Рама со Социјалистичката партија бара трет мандат од граѓаните, а неговиот против кандидат, Лулзим Баша прави нов обид како претседател на Демократска партија откако изгуби на минатите избори. Социјалистичкото движење за ...

Read More »

Стерјовски: Вклучувањето во листата на Социјалистичката партија за нас е вреднување

Лидерот на  единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, гостувајќи во емисија на СОТ7 телевизија, вели дека не е дел од структурите на Социјалистичката партија но оценува дека е „ вреднување вклучувањето во кандидатската листа на оваа партијата за парламентарните избори на 25 април“. Јас сум претседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, ...

Read More »

Стерјовски освари средба со претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев

Денес, во работна посета на Република Македонија беше претседателот на политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ од Република Албанија, воедно и пратеник во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски. При тоа, Стерјовски освари средба со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев. “Срдечна средба во Владата на Република Македонија со премиерот, Зоран Заев каде разговаравме за положбата на македонската ...

Read More »

Стерјовски побара од сите да се почитува одлуката за употреба на македонските топоними во областа Мала Преспа 

Пратеникот од Македонска алјанса за европска итеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент, Васил Стерјовски денеска го актуелизира прашањето околу спроведувањето на одлуката на Парламентот за враќањето на традиционалните топони во Мала Преспа. Во обраќањето на денешната пленарна седница, Стерјовски потсети дека во 70-те години на минатиот век, Народното собрание на Албанја ги сменило имињата на селата во областа Преспа. По падот ...

Read More »

Стерјовски: Малцинствата против казните во законот за попис во графата за етничка припадност 

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, на денешната пленарна седница,со жалење констатира дека и со новиот закон за попис на населението остануваат предвидените казни за „неточни одговори за етничката припадност“. Рече дека иако сите малцинства очекуваа албанските власти да го прифатат нивното барање и со новиот Законот за попис на населението, да ги ...

Read More »

Делегација на Македонска алијанса за европска интеграција во посета на Македонците во Голо Брдо (ФОТО)

Делегација на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, предводена од претседателот, Васил Стерјовски, денеска ги посети Македонците во административната единица Требиште, област Голо Брдо. Од Македонците кои што живеат во оваа административна единица непосредно бевме запознати со многуте проблеми со кои се соочуваат и за кои бараат што побрзо надминување. Едно од нивните барања беше ...

Read More »