
Македонска конзервативна партија дава целосна поддршка на Васил Стерјовски, кандидат за пратеник во Собранието на Албанија. Васил Стерјовски испиша историја со обраќањето и првиот говор на македонски јазик во албанскиот парламент. Стерјовски е чувар на македонските национални и културни вредности во Албанија, и активист кој бара донесување Закон за малцинствата, воведување на македонскиот јазик во наставата во областите каде што живеат Македонци и во поголемите албански градови, како и за помош на матичната држава кон нив.
Ги повикуваме Македонците во Албанија да дадат поддршка на Васил Стерјовски македонската гордост, на изборите кои ќе се одржат на 25 април 2021 година во Албанија. Што и да се каже, напише, за братот Васил малку е…Васил за еден мандат има направено повеќе за Македонците во Албанија, отколку сите наши досегашни влади, за своите браќа и сестри во соседството и низ светот. Нека е Бог со тебе и со нас Македонците, Василе. Гордо и стаменито! – сти во соопштението на Македонска конзервативна партија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden