Македонска полиција во Ќафасан пронајде нови количини дрога

Денеска на Граничен премин „Ќафасан“, од слобода бил лишен и задржан во полициска станица Т.С (19) од Тирана. – иформацијата за Македoнски весник “Илинден” ја потврдуват полициски извори од Граничен премин „Ќафасан“.

При преглед во автобус со тетовски регистарски ознаки, на седиштето каде што седел, под неговиот ранец била пронајдена кеса со марихуана. Дрогата била одземена и дадена на вештачење, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.