Македонската Алијанса дава јавна поддршка за барањето на Македонското Друштво „Илинден“ од Тирана

 

Македонската Алијанса дава јавна поддршка за барањето на Македонското Друштво „Илинден“ од Тирана. Македонската Алијанса се согласува со констатацијата на Македонското Друштво „Илинден“ од Тирана дека е скандалозно и неодговорно цели 6 месеци Албанскиот Парламент да ја избегнува ратификацијата Договорот за почеток на работа на Македонскиот Културен Центар во Тирана.

КАДЕ СЕ СЕГА ВЕЧНИТЕ АХМЕТИ И ДУИ ЈАВНО ДА ГО ПОВИКААТ РАМА ДА ЈА ЗАБРЗА ПОСТАПКАТА? КАДЕ СЕ ПЕНДАРОВСКИ, ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА ДА ПОБАРААТ ОД АХМЕТИ ЗАЕДНО ДА ИНСИСТИРААТ АЛБАНСКИТЕ ВЛАСТИ ДА ИМ ГИ ОВОЗМОЖАТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ИСТИТЕ ПРАВА КОИ АЛБАНЦИТЕ ГИ УЖИВААТ ВО МАКЕДОНИЈА?

Нашите браќа и сестри Македонци кои живеат и работат во Албанија бараат поддршка. Ако Албанските власти тактизираат со отворање на Македонски Културен Центар, што да се очекува за иницијативата за преиспитување на територијалната и административна поделба од 2015 година и враќање на Општините Голо Брдо и Гора во претходните рамки. На Македонците од овие региони да им се овозможи преку локална власт самите да управуваат со овие општини, каде всушност се и мнозинско население што ќе овозможи образовна и културна автономија. Мудра Држава го штити националниот идентитет борејќи се’ за своите надвор од границите. Со полтронство, сервилност и недостаток на национално чувство не може да се избориш за своите браќа и сестри. Немакедонската Влада ги пушти низ вода Македонците од Егејска и Пиринска Македонија, а за оние во Албанија не покажува речиси никаков интерес. Индиректно, предавниците одработуваат за Грција и Бугарија кои идиотски тврдат дека Македонската нација постои од 1944. Воопшто не е случајно што Македонците во Албанија веќе подолг период се цел на Големо Бугарскиот национализам. Најголемите негатори на Македонскиот идентитет, Бугарските Европратеници, Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски во 2017 со Резолуција во Европскиот Парламент побараа Македонците од Преспа, Голо Брдо и Гора да бидат прогласени за Бугари. И покрај сите наши заложби Пендаровски, Заев, Димитров и Шекеринска не мрдаат со прст.

НИЕ ЈА ПРОДОЛЖУВАМЕ НАШАТА БОРБА! НЕМА ЗАСТАНУВАЊЕ! ИМАМЕ ПЛАН И ЗНАЕМЕ!

Македонската Алијанса бара пропорционална застапеност на Македонците во сите државни институции на централно ниво, органи на локална самоуправа и локална администрација каде што живеат Македонци, како и Македонски претставник во Управниот Одбор на Албанската Државна телевизија. Албанската Влада да отвори катедри за Македонски јазик на Државните Универзитети во Тирана и „Фан Ноли“ во Корча. – стои во соопштенито потпишано од Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, претседател, на Македонската Алијанса.