
Македонската фамилија Цфарку потекнува од село Стеблево, областа Голо Брдо во Албанија. Една од членовите на оваа позната фамилија е г-ѓа Вероника Цфарку Буџаку. Таа, со љубов и посветеност кон Бога ги предава наследствата оставени од многу почитуваниот, чесен, помошник и соработник на црквата Свети Никола во село Стеблево, нејзиниот сопруг г-дин Трифон Цфарку.
Имено, во пресред на празникот Ѓурѓовден г-ѓа Вероника Цфарку Буџаку на попот Хелидон Демири од Елбасанската митрополија на Албанска Православна Црква му предаде икони и предмети од црквата Свети Никола. Покрај тоа, подари и книга “Етнографија на Голо Брдо”, потоа календар на верските и паганските празници во Голо Брдо. Оваа година, за прв пат на големиот православен празник Ѓурѓовден ќе се држи литургија во обновената црква Свети Никола.
Посакуваме, за добродетелството на фамилијата Цфарку, да бидат благословени нивните членови и потомци. Вечен да е споменот на дарителите. Честит Ѓурѓовден, Бог да донесе живот, здравје и радост во сите домови. Амин!



Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden