Македонската кошаркарска репрезентација до 15 години го совладаа и Косово

Македонската кошаркарска репрезентација до 15 години на меѓународниот турнир во Букурешт денес против Косово, запишаа нова убедлива победа од 83-48 и од Романија се враќаат непоразени со максимален учинок од три победи. Претходно беа совладани врсниците од Романија и Бугарија. Репрезентацијата на Косово немаше шанси против нашите мотивирани кошаркари кои беа посилни во секој сегмент од играта. Марко Миловановиќ и Лука Савичевиќ повторно беа незадржливи и со по 22 поени беа први стрелци на мечот.

Advertisement