Македонската ракометна репрезентација го победи светскиот шампион Данска (33:29)

Македонската ракометна репрезентација успеа да го победи светскиот шампион Данска (33:29) и тоа на дебито на новиот селектор Кирил Лазаров. Данците влегоа како фаворити на натпреварот во Скопје во рамките на квалификациите за Европското првенство, но Македонија почна да диктира темпо, постојано имаше водство и на полувреме замина со предност 17:13.

Предводени од селекторот Лазаров на теренот, нашите репрезентативци во ниту еден момент не и дозволија на Данска да фати резултатски приклучок, а во еден момент имавме предност и од осум голови (25:17).

Враќањето на Филип Миркуловски и одличната игра на сите останати репрезентативци ја потврдија големата победа над Данците (33:29), по што го преземавме и првото место во квалификациската група. Манасков, Талески и Кузмановски со по 5 голови беа најефикасни во нашиот состав, Лазаров и Стоилов постигнаа по 4, додека Миркуловски го одбележа камбекот со 3 голови.

Advertisement