Македонски културни денови во Данска

Со цел чување и негување на македонските културни, традиционални и историски вредности како и зајакнување на комуникацијата помеѓу македонските иселеници во Кралство Данска и Република Македонија, во организација на Групата за промоција на македонските вредности во Кралство Данска предводена од г-ѓа. Силвана Миленкова и г-дин. Пеце Димитријевски во периодот од 05 – 08.05.2017 година беше организирана културна Манифестација ,,Македонски културни денови“, во просториите на МПЦО Св. Климент Охридски во Копенхаген.

Манифестацијата беше поддржана со свое учество од Проф. д-р Златко Николоски – автор на книгата ,,Македонска дијаспора – клуч за развојот на Република Македонија, Проф. д-р Виолета Ачкоска, г-ѓа Виолета Сековска, г-ѓа. Елена Мисиркова – Амбасадор на македонската културата во Австрија, г-дин Александар Кржаловски – директор на Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС), г-дин Никола Николоски – Центар за информативна поддршка НОВ КОНТАКТ- Македонија. Покрај голем број присутни македонски иселеници, присуство зема и Амбасадорот на Република Македонија во Кралство Данска кој  се обрати и ги поздрави организаторите и присутните на манифестацијата и Генералниот Конзул.

Advertisement