Македонски народни песни од Стерјо Спасе големиот македонски писател и критичар

Стерјо Спасе (14. VIII 1914 – 12. XI 1989) писател и критичар од македонско потекло. Автор е на проза и раскази, романи, учебници и репортажни записи. Но тој е значаен и како собирач на македонски народни умотворби, со една збирка песни што ги запишал од неговата сопруга, Николина Спасе. Запишувачот песните ги превел на албански јазик за да ги доближи до читателите во Албанија.

Стерјо Спасе е роден на 14 август 1914 година, во село Глобочани, Мала Преспа. Основно училиште завршил во родното место и во Глобочани, Мала Преспа. Образованието го продолжил во Корча и во Елбасан, каде завршува Педагошка гимназија. Работи како учител во Дервичане, село во округот на Ѓирокастро а подоцна предава во Москополе, Корча и Тирана.

Дали си чуло видело

Дали си чуло, видело,
мома булукбаш да стани,
со триста души сејмени?
-Нејќиме, моме булукбаш!
Мома булукбаш говори:
-Месајте пресна погача,
фрлајте алтан во неја,
сечејте парче по парче,
кому ќе падни алтано,
тој булукбаш ќе стани!
-Нејќиме мома булукбаш!
-Ајде на нишан фрлиме,
којто ми нишан погоди,
тој ми булукбаш да стани!
Сите ми нишан фрлеја,
никој ми нишан погоди,
мома ми нишан погоди!

Маре мори Маре

-Маре, мори Маре,
зошто бело ткаиш,
а пак црно носиш?
Дали мајка жалаш,
дали стари татко?
-Нито мајка жала,
нито стари татко.
Туку си го жалам,
мојто прво лубе!
Комита ми ојде,
кончето му дојде,
момчето не дојде!
Под седлото најдов,
книга налписана.
Во книгата пиши:
-Мажи се, Маре,
мене не ме чекај!
Јаска се оженав,
за црната земја,
за Македонија

Оган да гори село Горица

Оган да гори село Горица,
пламен да стани село Глобочко,
што го предаде Ила Дигала.
Ношно ми време писмо пишеја,
писмо пишеја в Лерин праштеја.
За да ни дојди грска посмаза
за да го фате Ила Дигала.
Првио спиун Лазо Тането,
вторио спиун Пандо Думчето,
третио спиун Јоќим Симано.

Кој војвода беше сношти

-Кој војвода беше сношти,
сношти на вечера?
Дали Даме Груев, бабо,
дали Гоце Делчев?
-Нито Даме Груев
нито Гоце Делчев!
Та тој што ми бешпе, аго,
Илиа Дигалов!
Сношти вечераја, аго,
и си заминаја.
И си заминаја зад Галич планина.
Там и допаднаја, аго,
на Малата Преспа,
село Глобочени,
горе Надпополос.
Тамо кај се вија,
бајрај Маќедонски.

Тодоро, Тодорке

-Тодоро, Тодорке,
вечерала ли си,
вино пила ли си?
-Ни сум вечерала,
ни сум вино пила,
санош сум седела,
Ѓорѓи сум чекала.
Та да ми донеси,
дробни кладенчиси,
што ми рано пее,
што ми рано пее,
што ме мене буди.

Според книгата „Македонски народни песни, Мала Преспа од Николина Спаса, запиша на оригинал и преведе на македонски јазик Стерјо Спасе.

Advertisement