Македонскиот амбасадор Данчо Марковски во посета на редакцијата на македонски јазик во државната телевизија РТШ – Корча

Македонскиот амбасадор Данчо Марковски во просторите на државната телевизија РТШ – Корча оствари средба со директорот, Мухарем Меко, амбасадорот беше информиран за работата на редакцијата за македонски јазик.

Притоа беше договорено да се збогати програмската понуда, по пат на понуда на телевизиски серии, филмови, едукативни емисии, како и ТВ прилози од културно – образовен карактер. Изразувајќи спремност за нивно емитување, беше побарано наш ангажман во обезбедување на материјалите.

Амбасадорот Марковски на средбите беше придружуван од пратеникот во албанскиот Парламент и претседател на Македонската алијанса за европска интеграција, партија на Македонското национално малцинство во Република Албанија, Васил Стерјовски.

Advertisement