Македонскиот амбасадор во Тирана Марковски на средба со претставници на Македонците во Албанија 

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, на 06.02.2019 година оствари работна средба со истакнати личности и активисти на македонската заедница во Албанија. На средбата, одржана во просториите на амбасадата на Република Македонија во Тирана, присуствуваа преставници на повеќето друштва. Амбасадорот беше запознат со активностите на друштвата кои се во тек, како и оние кои планират да ги реализират. Од своја страна амбасадорот Марковски, ја претстави Програмата на активности на амбасадата во однос на Македонската заедница во Република Албанија за 2019 година. Ова е првпат амбасадата да информира за своите планирани активности за Македонската заедница за календарската година.