Македонскиот јазик ќе се учи во градинките во Сиднеј

 

Од наредната година во градинките во Нов Јужен Велс, Австралија, ќе може да се учи македонскиот јазик. Со оваа образовна програма ќе бидат опфатени децата од градинките до возраст од 12 години. Во новата јазична програма ќе се учат и јазиците хинди, персиски и македонски, објави Си-би-ес. Ова е одраз и на лепезата од странски јазици кои се говорат во Нов Јужен Велс, но и ширум Австралија. Од тие причини се размислува и за воведување учење втор јазик во образовниот систем.